Никоб Инжинеринг е компанија која врши изградба, проектирање, набавка, развој и инвестициони проекти и други градежни активности на територија на Република Македонија. Никоб инжинеринг е раководена од тим на експерти во област на градежништво, кој располага со квалификувана и добро обучена работна сила. Никоб Инжинеринг е свесна за и се фокусира на здравјето, безбедноста и заштита на животната средина, воедно и за своите вработени во согласност со законите и стандардите во Репулика Македонија и меѓународните стандарди. Никоб Инжинеринг активно учествува во развојот на пазарот во градежниот сектор, на развој на недвижности. Главните активности се однесуваат на развојот и работењето на станбени објекти за индивидуално и колективно живеење,комерцијални, забавни центри и инфраструктурни проекти.