Никоб Инжинеринг е основана во 2003 година во Скопје од страна на Др. Благоја Николовски и Јовица Николовски. Од тој ден па се до денес компанијата прераснува во една сериозна клиент-фокусирана компанија во Македонија и регионот.

Од идеа до реализација:

1997-2002

Др.Благоја Николовски, лекар по професија, е човек што сака предизвици и ризици. По долго годишно искуство работејки во областа на медицината, трговијата и банкарството во Македонија и во други држави во светот, инспириран од убавините што секој град помитан ги врезал во неговите сеќавања го поттикна да почне да прави нешто во неговото родно Скопје. Тој имаше сон да изгради и остави некое дело кое ке остане за идните генерации и воедно ке биде препознатлив симбол на едно урбано општество. Во 1998 година се роди идеја за нешто сосема ново и несекојдневно. Почна изградба на луксузен станбен комплекс на површина од 33,000 м2 со 8,600 м2 луксузна стамбена површина. Во склоп на комплексот беа сместени две вештачки езера, водопади и целосно партерно уредена површина со најразлична хортикултура, базени и детски игралишта.

„Идејата за да се направи вакво нешто во Македонија беше видена неколку пати во моите патувања по Европа. Концепцијата за внатрешноста можам да кажам дека е моја, а објектите и зградите ги правеа архитекти. Тоа беше една идеја да се направи некое место, некој резиденцијален комплекс, каде што и ние во градот би имале нешто препознатливо “, - Благоја Николовски.

2000 - 2002

Др.Николовски за две и пол години го реновира комплексот. Сака да остави нешто што ќе сведочи за него и тогаш кога ќе го нема.
Во 2002 година почнаа подготовки за реконструкција на истиот објект и повторна негова изградба. Во тоа време градежната фирма „Водостопанство„ беше избрана за изведувач на новиот објект, каде што истата го изведуваше и првиот проект од 1998-2000 година. Вработените, инжињерите беа запознаени целосно со стариот проект со што имаа предност за изградба и реконструкција на новиот проект, сметајки ги фактите истиот да биде завршен во што мозен пократок период.
Во потготовките на целата работа градежната фирма Водостопанство почна да се соочува со тешки финансиски и оперативни проблеми. Работите на објектот скоро не почнати, запреа. Во тој момент инвеститорот Николовски носи одлука дел од вработените од водостопанство кој работе на изведба на објектот да ги задржи и да формира градежна фирма „Никоб Инжинеринг„.

„Сакам предизвици во животот. Тие ми даваат можеби некоја сигурност во себе да направам нешто повеќе, да оставам повеќе, едноставно да градам и тоа е многу појако отколку се друго“-Благоја Николовски.

2002– 2003

Регистрирање на Никоб Инжињеринг како градежна фирма во централниот регистар на Р.Македонија. Прв проект во 2003 беше проектирање, градба и реновирање на луксузниот станбен комплекс Св.Јован во злокукани со површина од 33,000м2.